За ICS GROUP

Решенија за сите потреби одПроектирањеКлиматизацијаВентилацијаТехничко-консултански улсуги


ИЦС ГРУП е фирма во приватна сопственост, која брои 30 искусни инжињери, монтери и сервисери. Специјализирани сме за проектирање и изведба на системи за, греење, ладење, климатизација и вентилација, а нудиме и техничко-консултантски услуги, ревизија и надзор.

ИЦС ГРУП при проектирање и изведба на термотехничките системи и инсталации, наменети за комерцијални, резиденцијални и индустриски објекти, големо внимание посветува на имплементирање на решенија и опрема  со висока енергетска ефикасност, кои користат обновливи извори на енергија (воздух, вода, земја, сонце).

Посебнa чест и привилегија ни преставува фактот што ИЦС ГРУП е дел од фамилијата на светски – престижниот производител на HVAС опрема , DAIKIN од Јапонија.

За овој бренд сме овластени дистрибутери за Македонија, и реализацијата на многуте термотехнички проекти и објекти, најчесто ја правиме со имплементирање на врвна опрема и технологија, преставени од палетата производи на DAIKIN.


Клима комори

Опрема за автоматска регулација


За зголемување на ефикасноста во користењето на HVAC системите, ИЦС Груп дополнително реализира решенија и од областа на автоматизацијата и контролата на HVAC системите, но изработува и комплетни BMS (Building Management Systems) решенија, каде покрај HVAC системите, се интегрирани и осветлувањето, лифтови, струја, видео надзор, противпожарна заштита, водовод и други системи потребни за интегрирано функционирање на еден современ објект.

0
+
Задоволни Купувачи
0
+
Успешно инсталирани системи Altherma.
0
Искусни инжењери, монтери и сервисери.
0
Години постоење

Со искуството на нашите инжињери од преку 20 години во областа на HVAC системите и искуство од преку 15 години во системите за автоматска регулација и BMS, се наметнуваме како сериозна фирма за реализација и имплементирање на вакви проекти, во кои можеме да понудиме:

Решенија кои се оптимални за нашите корисници

Висок квалитет на изведени инсталации и

професионална и континуирана пост - продажна подршка на нашите корисници.

Доказ за таквиот начин на рбота се големиот број на реализирани објекти : Хотели, болници, канцелариски простории, индивидуални домови, дата центри и сл. (види реф.листа)


Визија на ICS - Group

Благодарни сме на постојаната и професионална подршка, што континуирано ја добиваме од DAIKIN, светскиот лидер во производство на системи за климатизација и вентилација. Во таа насока и ИЦС ГРУП ја има поставено својата визија во работењето.
– Да бидеме лидери на Македонскиот пазар,  но и пошироко во проектирање, имплементирање и дистрибуција  на енергетско – ефикасни и технолошко напредни системи за греење и ладење, со користење на високо-квалитетните производи на DAIKIN.


Мисија на ICS - Group

Мисијата на ИЦС груп е да излезе во пресрет на барањата на индивидуалните корисници и деловните клиенти, за енергетски ефикасни, оптимални и еколошки системи за греење и ладење, кои користат обновливи извори на енергија.

Висок квалитет на изведени инсталации
100%
Искуство во областа на HVAC системите
87%
Искуство во системите за автоматска регулација и BMS
75%
Професионална подршка на корисници
98%

СЕРТИФИКАТИ И ЛИЦЕНЦИ

ИЦС ГРУП е единствен на Македонскиот пазар со престижниот сертификат PREMIUM HOME C°MFORT EXPERT што го доделува DAIKIN на своите партнери. Ова признание го добиваат само најдобрите компании  – дистрибутери во една земја,  кои имаат најголемо искуство со производите на DAIKIN.
Партнерите кои DAIKIN ги одбира како дел од оваа програма, претходно се ставени на повеќе годишна анализа и истите имаат поминато низа долготрајни селeкции. Потребно е тимот на вработени  да располага со големо стручно искуство и  познавање за производите и технологиите на DAIKIN, екипираност од сопствени сервисери и монтери и да имаат изложбено продажни салони.

Деловната политика на ИЦС ГРУП е заснована на следниве принципи.

  • Исполнителност
  • Квалитетна услугаи производ
  • Понуда на технолошко напредни решенија
  • Пост-продажна грижа за клиентите
  • Долготрајни и фер релации со деловните партнерите
  • Едуцирани вработени коиконтинуирано се надградуваат  сознаења и бизнис вештини.
  • Користење на системи за менаџирање со квалитетот на работење  ISO 9001-2004 и системот за управување со околината  ISO 14001 – 2008

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions