Блог новости

Врати се кон Блог новости

STAND By Me – ДОЛГОРОЧНА ГРИЖА ЗА ВАШИОТ DAIKIN УРЕД

STAND By Mе e DAIKIN интернет платформа со која се овозможува поврзување на:

  • крајните купувачи
  • Daikin сертифицираните партнери (продавачите и сервисерите ) и
  • Daikin централата

            

Бенефити од  Stand By Me:

  • Бесплатна продолжена гаранција на резервни делови до 5 години Регистрирајте се на Stand by Me и добијте бесплатна гаранција на резервни делови за вашата Daikin инсталација
  • Потсетник за одржување Автоматско закажување на сите идни термини за одржување со потсетник за да Ве предупредат вас и вашиот сервисер за потребниот ден на одржување.
  • Сертифицирана сервисна мрежа Сите ИЦС сервисери и сервисни партнери кои имаат право да ја користат SBM платформата имаат сертификат на Daikin.
  • Дигитален дневник Во секое време можете да ја видите историјата на вашиот уред, со сите снимени интервенции и одржувањата во минатото и да добиете брза поддршка.

Зошто е клучно професионалното одржување?

Купувањето нов енергетско-ефикасен систем за греење и ладење е долгорочна инвестиција, и затоа е важно да се обезбеди негова  редовна професионална грижа. Правилното одржување е значајно од повеќе причини:

  • ЗДРАВСТВЕНИ – Се обезбедува  оптимален квалитет на воздухот, покрај греење и ладење.  – Редовно исчистените филтри за воздух се гаранција дека постојaно дишете чист воздух во вашиот дом.
  •  ЗАШТЕДА – Долгорочното редовно одржување е секогаш поефтино од интервентно сервисирање на уредот. Една народна поговорка вели: „Подобро е да се спречи,отколку да се лечи“ – Ке се избегнат непланирани повисоки трошоци за поправка – Секој корисник ќе има целосна документација за сите свои уреди на Stand By Me.
  • ЕФИКАСНОСT Со редовно одржување вашиот уред секогаш ќе работи со високи перформанси. – Климата ќе ја задржи секогаш високата ефикасност на работа штедејќи на струја. – Можноста уредот да се расипе токму во сезоната кога е најпотребен ќе се сведе на минимум.
  • ОРГИНАЛНИ РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ – Резервните делови, алатот и опремата која ја користат ИЦС сервисерите се сертифицирани и оргинални од Daikin. – Продолжена гаранција гарантира користење само на оргинални резервни делови кои ја намалуваат можноста за дефект на системот.

Како да се регистрирате?

ИЦС инсталатерот или продавачот едноставно ќе Ви помогнат  да го регистрирате својот уред на платформата Stand By Me.

За да ја потврдите и активирате  регистрацијата,обавезно проверете го вашето е-маил сандаче или папката за спам за да ја пронајдете е-поштата за покана .

Сподели ја оваа новост

Врати се кон Блог новости

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions