Блог новости

Врати се кон Блог новости

DAIKIN SKY AIR – ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА КЛИМАТИЗАЦИЈА, ИДЕАЛЕН ЗА МАЛИ И СРЕДНО ГОЛЕМИ КОМЕРЦИЈАЛНИ ОБЈЕКТИ

Daikin Sky Air – еден систем што овозможува истовремено греење, ладење, вентилација и прочистување на воздухот ,наменет за мали и средно големи комерцијални објекти: дата центри ,сервер сали, бутици,мали продавници ,канцеларии ,ресторани и спортски сали.

Daikin Sky Air е првиот Европски комерцијален систем за ладење и греење со R-32 фреон и со највисока сезонска енергетска ефикасност (SEER до 8,02) во оваа класа на производи.

Решенијата за климатизација со овие системи се реализираат со избор на  три модели надворешни единици и голем избор на внатрешни единици во сплит или мултисплит изведба .


Daikin Sky Air надворешните единици Alpha, Advance и Active – сериите овозможуваат лесна и брза инсталација, супериорна енергетска ефикасност и намалени трошоците за енергија за крајните корисници.

Daikin Variable Refrigerant Technology (VRT), во Sky Air A-серијата има посебни придобивки бидејќи автоматски ја прилагодува температурата на разладното средство за да ја задоволи зададената вредност притоа подобрувајќи ја енергетската ефикасност на системот,

Изборот на Daikin Sky Air внатрешните единици е голем и зависи од капацитетот и дизајнот – касетни, високоѕидни, скриено-тавански,скриено–парапетни и самостоечки единици.
• Секоја единица има можност за одделна контрола.
Уникатната касетна внатрешна единица има автоматско чистење и собира прав и нечистотии за да ја зголеми работната ефикасност до 50% .
Скриено- тавански единици се вклопуваат беспрекорно во секој ентериер, заштедувајќи на простор.
Услуга Daikin Cloud-овозможува управување на единиците во различно време од секоја локација
Сензори за присуство,
Скоро безчуен режим на работа
Работа на надворешни температури -20°C

DAIKIN SKY AIR (FCAG)-КАСЕТНИ ЕДИНИЦИ СО УНИКАТЕН И НАГРАДУВАН ДИЗАЈН

  • Со овие клима уреди се постигнува најдобра распределба на температура во просторот поради широкиот проток на воздух од 360°C.
  • Најдобра енергетска ефикасност, од рангот на касетни единици
  • Достапни во бела и црна боја,
  • Оперативните трошоци може да се намалат и до 50% споредено со стандардните решенија.                                                                                                                 
  • Можност за автоматско чистење на филтрите
  • Сензори за присуство кои овозможуваат и до 27% заштеда.
  • Интелигентното око кое го забележува и го насочува протокот на воздух настрана од луѓе,а подните сензори овозможуваат еднаква температура од подот до таванот така што се избегнува ефектот на студени нозе.  
  • Во оваа категорија спаѓаат сериите: FCAG-B,FCAHG-B,FCAHG-H,FFA-A  

DAIKIN SKY AIR КАНАЛСКИ -СКРИЕНО ПЛАФОНСКИ ЕДИНИЦИ

  • Скриена плафонска единица, со висина од само 200 mm. Невидливи единици – видливи се само решетките за отсис и потис на воздух. 
  • Филтерот со автоматско чистење обезбедува поголема ефикасност, удобност и пониски трошоци за одржување. Прашината се собира во кутијата за прашина што е интегрирана во единицата. Кутијата за прашина може лесно дa се исчисти со правосмукалка
  • Daikin каналски Sky Air единци: FDXM-F,FBA-A,FDA-A,ADEA-A  

DAIKIN SKY AIR – ПЛАФОНСКИ  ЕДИНИЦИ 

  • Со Daikin FHA-A серијата може да се постигне идеален комфор, благодарение на “Coanda ” ефектот кој овозможува проток на воздух со агол од 100°.
  •  Лесно може да се монтира во агол или на тесни места . кои немаат простор за парапетни единици долу на подот.
  • Daikin FUA-A серијата e дизајнирана со 4-насочен издув-проток на воздух. Преку далечинскиот управувач може да сетирате 5 различни агли на проток од 0° до 60°. Со овие модели дури и простории со висина до 3,8 m можете да ги загреете или изладите многу лесно, без загуба на капацитетот. 

DAIKIN SKY AIR ВИСОКОЅИДНИ ЕДИНИЦИ

  • Daikin FTXM-R   високоѕидна единица со атрактивен дизајн и висок квалитет на воздух во просторијата.Чистиот воздух е благодарение на вградената Daikin Flash Streamer технологија.
  • Многу тивок звук при работа, што дури и ќе заборавите дека е вклучена.
  • Сензор за детекција на движење во две области. Доколку се забележи движење на лице, протокот на воздух се насочува на друга страна за да не дува директно во лицето кое се наоѓа во просторијата. 
  • 3D проток на воздух, кој комбинира проток на топол или ладен воздух хоризонтално или вертикално, за рамномерна распределба низ цела просторија. 

Сподели ја оваа новост

Врати се кон Блог новости

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions