Блог новости

Врати се кон Блог новости
C:\Users\Tanja\Desktop\AKCIJA -FEBRUAR\ДАИКИН СЕНСИРА .png

Daikin Sensira FTXC/B – инвертер клима со мала потрошувачка на енергија и пријатен комфор

Новиот модел на SENSIRA FTXC-B на Daikin, претставува економично и најдобро решение за греење и ладење на секој дом. Таа овозможува здрава и удобна домашна средина и комфор , чист и свеж воздух, како и оптимална температура во текот на целата година. SENSIRA FTXC-B  е една од поновите модели во палетата на клима уреди на DAIKIN од Bluevolution серијата и го користи еколошкиот фреон R-32.

Sensira FTXC-B нуди висока енергетска ефикасност, а физички е доволно мала и компактна , за да се монтира и над врата.

Достапни капацитети од 2.0kw-7.1kW, со што на потршувачите им се овозможува да го изберат вистинскиот капацитет за просторијата за која е наменета

Висока ефективност

Напредната инвертер технологија на Sensira FTXC-B овозможува  пониски сметки за електрична енергија, благодарение и на енергетската  класа до A++,како  и оптимална енергетска ефикасност дури и при  високи температури.

Изглед погоден за секоја средина

Елегантниот изглед на новата внатрешна единица на Sensira FTXC-B има модерен дизајн  кој непречено се вклопува во секој ентериер.

Загарантиран комфор и квалитет на воздухот во затворени простории

Моќниот систем за двојна филтрација на воздухот целосно го чисти воздухот за да создаде поздрава средина.  Клима уредот има катехин- мрежен филтер и деодорирачки филтер со нано премаз од титан – апатит кои дополнително ги отстранува и неутрализираат штетните честици од разни вируси , бактерии, алергени и непријатни мириси .

Со намалениот звучен притисок  до 20 dBA, новата внатрешна единица  на Sensira FTXC-B работи исклучиво тивко ,речиси безшумно.

Секогаш под контрола

Покрај лесното користење на далечинскиот управувач, Sensira FTXC-B ,нуди и Wi-Fi контрола како опција, овозможувајќи пристап преку апликацијата за Online Controller на Daikin. Клиентот може да го следи клима уредот, да управува од далечина со режимите на работа и температурата, како и да ја намести предпрограмата до 6 работни часа во текот на денот во период од седум дена.

Сподели ја оваа новост

Напишете коментар

Врати се кон Блог новости

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions