Блог новости

Врати се кон Блог новости

Daikin Highest Customer Satisfaction 2017

ИЦС ГРУП и оваа година се стекна со престижна награда од DAIKIN – Highest Customer Satisfaction 2017 

ИЦС ГРУП за својот професионализам во работењето, исполнителност и висок степен на задоволни корисници при продажба и инсталирање на ДАИКИН производите, ја доби престижната награда” Highest Customer Satisfaction 2017 ”на годишната DAIKIN International Partner Conference 2018, одржана на 26.04. во Аlpbach, Avstrija.

 

 

ИЦС ГРУП како HCE Premium Partner на DAIKIN, заедно со уште 250 други регионални DAIKIN HCE соработници од 15 држави од Централна Европа, во текот на изминатата година беше ставен на неколку- месечна анализа по повеќе основи и критериуми: професионализам во работењето, начин на презентирање на DAIKIN производите, точност, исполнителност, посветеност кон крајниот купувачот, квалитетен сервис и монтажа и тн.

 

 

Таквата анализа спроведена од Daikin го оцени и рангира ИЦС ГРУП на високото 4 – то место за Централна Европа, а прво на регионално ниво ( Македонија, Албанија, Косово ). Горди сме на уште едно признание што ни го доделува нашиот бизнис партнер ДАИКИН.  Оваа награда е уште една потврда за успешното работење на ИЦС ГРУП, а воедно и дополнителен поттик да го продолжиме патот што го трасиравме заедно со нашиот тим вработени, со нашите деловни партнери и соработници, а најмногу со се поголемиот број на задоволни клиенти.

Продолжуваме по истиот курс.

Сподели ја оваа новост

Напишете коментар

Врати се кон Блог новости

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions