Daikin Altherma- 3R нискотемператутрнa топлинскa пумпa воздух-вода

Daikin Altherma- 3R нискотемператутрнa топлинскa пумпa воздух-вода

Идеално решение за нови и добро изолирани објекти

Градите нова куќа?

Daikin Altherma – е идеално решение. Таа го обединува греењето, ладењето и припремата на топла санитарна вода во еден систем,овозможувајќи максимална удобност во текот на целата година со ниски трошоци на енергија.

Овој тип на АЛТЕРМА може да биде.

  • СПЛИТ СИСТЕМ составен од една надворешна и една внатрешна единица и
  • МОНОБЛОК СИСТЕМ составен само од надворешна единица

СПЛИТ СИСТЕМ-Внатрешната единица кај сплит ситемите може да биде: подно парапетна (со вграден бојлер чиј капацитет може да содржи 180 или 230 литри на вода) и високоѕидна единица без бојлер.

daikin_ehvh-d6v_erga-dv_hybride_warmtepomp_-_single-split_set_5
Daikin-Altherma-3-R-Product-Image

МОНОБЛОК СИСТЕМ – ИДЕАЛЕН ЗА МАЛ ПРОСТОР

Во случаи кога во самиот објект нема простор за поставување на внатрешна единица DAIKIN ја патентира верзијата на МОНОБЛОК систем во кој сите хидраулични делови се сместени во една единица – во надворешната .Во овој систем цевките за вода (а не за – фреон) доаќаат директно од надворешната единица до предавателите на топлина (грејните тела) кои се сместени внатре во објектот. Со самото тоа се скратува и поедноставува работата на инсталатерите во фазата на вградување на моноблок единицата.

E(D-B)LA-C(3)(V3_W1)_R.tif

ЕДНОСТАВНИ ЗА ВГРАДУВАЊЕ

Надворешната единица кај СПЛИТ СИСТЕМИТЕ може едноставно да се постави било каде надвор од објектот без други дополнителни земјени работи, бушења и слично.

Исто така и внатрешната единица-хидробоксот во сплит системите се вградува било каде во внатрешноста на самиот објект – нема потреба од посебна просторија за сместување на единицата или од дополнителни приклучоци за оџак,котел за цврсто гориво или слично.

Алтермата едноставно после монтирање може да се поврзе со сите стандардни нискотемпературни радијатори или системи за подно греење.

Компатибилна со разни грејни тела

Daikin Altherma нискотемпературните топлотни пумпи се компатибилни со разни грејни и разладни тела. На овој начин може да ја изберете идеалната комбинација за вашиот ентериер.

Видови на грејни тела

  • Подно греење
  • Нискотемпературни радијатори
  • Вентилконвектори (фенкојлери)
Daikin Alterma niskotemperaturna 3R -web1

ДОПОЛНИТЕЛНА ПРЕДНОСТ

Соларни колектори

За уште поголема ефикасност и заштеда на енергија Daikin Altherma има можност за приклучок на соларен систем. Овој систем може да обезбеди и до 70% енергија потребна за затоплување на водата во топлотната пумпа или бојлерите.

ECH2O термален склад без притисок

  • Идеален за нови домови
  • Повисоки енергетски перформанси од системите под притисок
  • Има потреба од директна вертикална врска од резервоарот до соларните колектори
  • Ако нема сонце, системот автоматски се празни за да спречи замрзнување на цевките

Daikin Madoka

Интуитивна контрола споена со премиум дизајн

  • Достапна во три бои за да одговараат на вашиот стил на ентериер
  • Компактна големина: Вx85мм Шx85мм Дx25мм
  • Управување со температурата и режимот на работа на вашата топлотна пумпа
  • Непречена контрола на допир

Daikin Eye и Man - Machine Interface (MMI)

  • Контролата на вашата единица сега е уште поедноставна со Daikin Eye и Machine Interface (MMI)
  • И двете се вградени во самата внатрешна единица Altherma или се достапни како надворешен контролер
  • Статусот на внатрешната единица во реално време е прикажан на Daikin Eye –
  • Сината боја означува непречено работење ,а црвената боја означува грешка
  • Минималистички дизајн за едноставно ракување
  • Едноставен начин на управување со режимот на работење на топлотната пумпа

ONECTA - апликација за целосна контрола, како што вие сакате

  • Пристапноста сега е уште подобра благодарение на гласовното контролирање на греењето и ладењето
  • Компатибилна со Google Assistant и Amazon Alexa
  • Беспрекорно се интегрира со постоечка функционалност на “smart home”
  • Управување со режимот на работа и распоредите за греење и ладење
  • Следење на перформансите и потрошувачката на електрична струја.
  • Оптимизација на енергетската ефикасност
Daikin Alterma niskotemperaturna 3R -web

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions