Daikin Altherma- 3H високотемператутрнa топлинскa пумпa воздух-вода

Daikin Altherma- 3H високотемператутрнa топлинскa пумпa воздух-вода

Идеално решение за реновирани објекти

Топлотните пумпи воздух-вода со висока температура се идеални за реновирани објекти за замена на старите котли на фосилни горива и замена на старите бојлери за топла вода. Компактниот дизајн на Daikin Altherma со висока температура бара мал простор за инсталација и беспрекорно се вклопува со постоечката инсталација и високотемпературни радијатори. На овој начин може да уживате во енергетската ефикасност на топлотната пумпа без да треба да го замените целиот систем.

Altherma 3H e СПЛИТ СИСТЕМ составен од една надворешна и една внатрешна единица.

Внатрешната единица може да биде: подно парапетна (со вграден бојлер чиј капацитет може да содржи 180 или 230 литри на вода ),подна единица со интегриран термален склад за топла вода со приклучок на соларни панели и високоѕидна единица без бојлер.

1__
3
4__

ЕДНОСТАВНИ ЗА ВГРАДУВАЊЕ

Надворешната единица кај СПЛИТ СИСТЕМИТЕ може едноставно да се постави било каде надвор од објектот без други дополнителни земјени работи, бушења и слично.

Исто така и внатрешната единица-хидробоксот во сплит системите се вградува било каде во внатрешноста на самиот објект- нема потреба од посебна просторија за сместување на единицата или од дополнителни приклучоци за оџак, котел за гориво или приклучок за гас.

Алтермата едноставно после монтирањето може да се поврзе со сите стандардни нискотемпературни, високотемпературни радијатори, вентилконвектори или системи за подно греење.

Компатибилна со разни грејни тела

Daikin Altherma високотемпературните топлотни пумпи се компатибилни со разни грејни и разладни тела. На овој начин може да ја изберете идеалната комбинација за вашиот ентериер.

7

Видови на грејни тела

  • Подно греење
  • Високотемпературни радијатори
  • Нискотемпературни радијатори
  • Вентилконвектори (фенкојлери)
Daikin Alterma visokotemperaturna 3H -web

ДОПОЛНИТЕЛНА ПРЕДНОСТ

Соларни колектори

За уште поголема ефикасност и заштеда на енергија Daikin Altherma има можност за приклучок на соларен систем. Овој систем може да обезбеди и до 70% енергија потребна за затоплување на водата во топлотната пумпа или бојлерите.

ECH2O термален склад под притисок

  • Идеален за реновирани или веќе изградени домови
  • Можност за употреба на свиени цевки за поврзување на резервоарот со соларните колектори
  • Наполнет со вода и антифриз за да се спречи замрзнување на цевките
  • Системот е под притисок и запечатен заради безбедност

Daikin Madoka

Интуитивна контрола споена со премиум дизајн

  • Достапна во три бои за да одговараат на вашиот стил на ентериер
  • Компактна големина: Вx85мм Шx85мм Дx25мм
  • Управување со температурата и режимот на работа на вашата топлотна пумпа
  • Непречена контрола на допир

Daikin Eye и Man - Machine Interface (MMI)

  • Контролата на вашата единица сега е уште поедноставна со Daikin Eye и Machine Interface (MMI)
  • И двете се вградени во самата внатрешна единица Altherma или се достапни како надворешен контролер
  • Статусот на внатрешната единица во реално време е прикажан на Daikin Eye –
  • Сината боја означува непречено работење ,а црвената боја означува грешка
  • Минималистички дизајн за едноставно ракување
  • Едноставен начин на управување со режимот на работење на топлотната пумпа

ONECTA - апликација за целосна контрола, како што вие сакате

  • Пристапноста сега е уште подобра благодарение на гласовното контролирање на греењето и ладењето
  • Компатибилна со Google Assistant и Amazon Alexa
  • Беспрекорно се интегрира со постоечка функционалност на “smart home”
  • Управување со режимот на работа и распоредите за греење и ладење
  • Следење на перформансите и потрошувачката на електрична струја.
  • Оптимизација на енергетската ефикасност
Daikin Alterma niskotemperaturna 3R -web

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions