Altherma HT (high temperature) – високотемпературна алтерма

Altherma HT (high temperature) – високотемпературна алтерма

За реновирани објекти - Altherma HT (high temperature) – високотемпературна Altherma

Греење и топла санитарна вода

Високотемпературната  Daikin Altherma е вистинско решение за замена на класичните котли за греење.

Замена на класичните котли

Високата температура на водата што се произведува во овој систем, е идеална за греење и на санитарната вода што се користи во домаќинството. Овој систем совршено лесно може да го замени класичниот котел и да се поврзе со веќе постоечкиот систем на цевки. Поради тоа високотемпературната Daikn Altherma е идеално решение за објекти кои се реновираат. Сплит системот на овј тип Altherma се состои од надворешна и внатрешна единица и можност за приклучок на комплетна соларна опрема.

Ценовно подобра алтернатива од болјерите на фосилни горива

Altherma како систем  е споредлива со конвенционалните системи за греење, а развиена е врз база на технологијата на топлотни пумпи, кои се еколошки поприфатливи а исто така и поекономични и поедноставни за одржување.

Ниска потрошувачка на енергија и ниска емисија на  CO2

Конвенционалните горива во последниве години стануваат се подефицитарни и се поскапи  и поскапи. Како нивната цена расте, така еден од најатрактивните обновливи извори  на енергија станува технологија на топлотните пумпи од типот “воздух-вода” Овие пумпи со самото тоа што ја користат бесплатната енергија од околината ( воздухот) преставуваат три пати поефикасен систем за греење од конвенционалните системи за таа цел. Исто така не треба да се заборави и на фактот што нема никаква директна емисија на CO2.

Едноставна за инсталирање и вградување

Компактната надворешна единица може едноставно да се постави било каде надвор од објектот, без други дополнителни  земјени работи, бушења и слично. Исто така и внатрешната единица-хидробоксот се вградува било каде внатре  на самиот објект. Притоа нема  потреба од посебна просторија за сместување на единицата, дополнителни приклучоци за оџак, котел за гориво или приклучок за гас. Алтермата едноставно после монтирањето може да се поврзе со сите стандардни висококотемпературни  радијатори. Како таква таа е идеално решение за нови објекти како и за реновирани куќи.

Грејни тела

Високотемпературни радијатори

 

Можности

Соларна опрема за производство на топла вода За уште поголема ефикасност и уште поголема заштеда на енергија, Daikin нуди и комплетен соларен систем. Со него може да се обезбеди и до 70% на потребна енергија, искористена за добивање на топла санитарна вода. 

Обновливо и енергетски ефикасно решение за стамбени и комерцијални простории

Daikin Altherma е целосен систем на греење и производство на топла санитарна вода,базиран на технологијата на топлински пумпи која ја добива топлината од воздухот. Исто така таа претставува ,прилагодлива и економична замена за конвенционалните котли на фосилни горива, која во себе ја има и опцијата  на ладење. Сите карактеристики за енергетска ефикасност што ги поседува Daikin Altherma ја прават идеално решение за намалување на потрошената енергија и намалената емисија на CO2. Тоа се два системи за греење, со можност за  високи или  ниски температури  кои даваат оптимална удобност. Најважно од се е што овие системи се многу едноставни за монтирање и не бараат многу простор, а пружаат голема удобност и комфор во текот на целата година.



Конвектори за топлотни пумпи

Конвекторите  на топлински  пумпи  се многу повеќе отколку вентилконвекторските единици или другите видови на предаватели на топлина. Конвекторите на топлотни пумпи  можат по потреба да обезбедат греење, ладење и да постигнат оптимална енергетска ефикасност  кога ќе  се поврзат со системот – Daikin Altherma, особено за новоизградените куќи. 

Прочитајте повеќе на следните каталози

Дали сте знаеле ?

Daikin има инсталирано одреден број системи во Скандинавија, Португалија, Франција, Белгија… со што е направено испитување  на работата на Daikin Altherma во потполно различни климатски услови.
Заклучено е дека независно од временските услови на местото на надзорот,  задоволствата од постигнатиот комфор, економичност, стабилна собна температура и расположлива топла вода е речиси подеднакво на сите анализирани места.

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions