Altherma LT (low temperature) – нискотемпературна Алтерма

За новоизградени објекти - Altherma LT (low temperature) – нискотемпературна Алтерма

Економично поволна алтернатива  во споредба со котлите на фосилни горива.

Althermaта која се базира на технологијата на топлински пумпи, се споредува  со конвенционалните системи за греење, но за разлика од нив  е пред се еколошки поприфатлива,поефикасна и едноставна за одржување.

Ниска потрошувашка на енергија и ниска емисија на  CO2.

Конвенционалните горива секојдневно стануваат се повеќе дефицитарни и се поскапи.Како нивната цена  станува се повисока ,така и  технологијата на топлинска пумпа “воздух-вода”станува се побарана и поатрактивна на пазарот.Тоа е така  бидејќи овие топлински пумпи ја користат  бесплатната енергија од воздухот, три пати се  поефикасни во споредба со системите на фосилни горива, а исто така нема од нив  ослободување на емисија на CO2.

Едноставни за вградување

Компактната надворешна единица може едноставно  да се постави било каде надвор од објектот без  други дополнителни  земјени работи, бушења и слично.Исто така и внатрешната единица-хидробоксот  се вградува било каде во  внатрешноста на самиот објект.Притоа нема  потреба од посебна просторија за сместување на единицата,дополнителни приклучоци за  оџак, котел за гориво или приклучок за гас.Алтермата едноставно после монтирањето може да се поврзе со сите стандардни нискотемпературни  радијатори  или системи за подно греење . Како таква таа е идеално решение за нови објекти како и за постоечки  реновирани куќи.

Грејни тела

  • Подно греење
  • Нискотемпературни радијатори
  • Вентилконвектори
  • Фенкојлери

Најдобра сезонска ефикасност
Овозможува најголема заштеда  во оперативните трошоци

Напредната технологија  на која работи топлотната пумпа- Daikin Altherma овозможува висока заштеда, удобност и комфорна температура во сите простории. Како? Со усогласување на капацитетот на топлотната пумпа  со потребите на секој простор, користејќи при тоа  енергетски ефикасни компоненти и со интелегентно управување на работниот режим.

ДОПОЛНИТЕЛНА ПРЕДНОСТ

Tопла санитарна  вода за во кујна, бања и сл- предност за целото семејство. Капацитет од : 150, 200 ili 300 l
Грејни тела Подно греење,нискотепмературни радијатори или вентилконвекторски единици: 3 техники преку кои  Daikin Altherma  ја ослободува топлината во целиот дом.
Соларни колектори  За уште поголема ефикасност и заштеда на енергија  Daikin нуди цел соларен систем.Овој систем  пак може да обезбеди и до 70% енергија потребна за затоплување на водата во домаќинството. 

Идеално решение за нови 
и нискоенергетски( иделно изолирани ) куќи

Градите нова куќа?Сакате да ја подобрите енергетската ефикасност на постојниот дом?Daikin Altherma претставува идеално решение. Таа го обединува греењето, ладењето и припремата на топла санитарна вода во еден систем, овозможувајќи  максимална удобност во текот на целата година.

Обновливо и енергетски ефикасно решение за стамбени и комерцијални простории

Daikin Althermaе целосен систем на греење и производство на топла санитарна вода,базиран на технологијата на топлински пумпи која ја   добива  топлината од воздухот.Исто така таа претставува ,прилагодлива и економична замена за конвенционалните котли на фосилни горива, која во себе  ја  има и  опцијата  на ладење.
Сите карактеристики за енергетска ефикасност што ги поседува Daikin Althermaја прават идеално решение за намалување на потрошената енергија и намалената емисија на  CO2 .
Тоа се два системи за греење, со можност за  високи или  ниски температури  кои даваат оптимална удобност.

Конвектори за топлотни пумпи

Конвекторите  на топлински  пумпи  се многу  повеќе отколку  вентилконвекторските единици или другите  видови на предаватели на топлина.Конвекторите на топлотни пумпи  можат по потреба да обезбедат  греење,ладење  и  да  постигнат оптимална енергетска ефикасност  кога ќе  се поврзат со системот – Daikin Altherma,  особено  за  новоизградените куќи.

Комплетно решение
Со припрема на топла санитарна вода

Доколку барате решение од типот се во едно Daikin Altherma има одговор. Внатрешната интегрирана подна единица  обединува  греење и ладење   со припрема на топла санитарна вода.
Компактната единица е со мали димензии, но со големи предности.

Прочитајте повеќе на следните каталози

Дали сте знаеле ?

Daikin има инсталирано одреден број системи во Скандинавија, Португалија, Франција, Белгија… со што е направено испитување  на работата на Daikin Altherma во потполно различни климатски услови.
Заклучено е дека независно од временските услови на местото на надзорот,  задоволствата од постигнатиот комфор, економичност, стабилна собна температура и расположлива топла вода е речиси подеднакво на сите анализирани места.

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions