Флексибилен тип на Daikin Altherma
Зошто Altherma Flex?
Флексибилниот тип на Daikin Altherma за стамбена и комерцијална примена преставува систем 3 во 1 кој нуди греење, ладење и топла санитарна вода. Ваквиот систем е енергетски високо ефикасен благодарение на напредната технологија, применета во топлотните пумпи.
Флексибилниот тип – Daikin Altherma е вистинскиот одговор на моменталните и идните проблеми предизвикани од зголемените трошоци за енергија и високото негативното влијание врз околината што го предизвикуваат конвенционалните системи за греење, инсталирани по училиштата, болниците, спа- центри, гимнастичките сали и хотелите. Со помош на флексибилниот типDaikin Altherma, 2/3 од создадената топлина доаѓа од воздухот, кој е обновлив и преставува бесплатен извор на енергија. Флексибилниот тип на Daikin Altherma постигнува вообичаен сезонски COP од 3во услови предизвикани од умерената западна и средноевропска клима.
Исто така флексибилниот тип на Daikin Altherma е модуларен систем.Зависно од предложениот проект за конкретен објект, една или повеќе надворешни единици може да се комбинираат со до десет внатрешни единици.
Идеално за станови и заеднички стамбени простории
Внатрешните единици може да бидат сместени во секој стан пооделно или во заедничките стамбени простории, формирајќи децентрализиран систем на греење. Секоја внатрешна единица без разлика каде е сместена, може независно да се користи, бидејќи секој стан има свој регулатор за греење, ладење и топла санитарна вода, и грејни тела кои ја зрачат топлината.
Модуларно решение за комерцијални простории
Алтернативните, внатрешни единици на флекси типот може да се сместат заедно во една средишна просторија, формирајќи така централен систем со широк опсег на примена, каде што е потребен голем волумен на топла вода, како што се бањи, центри за фитнес, ресторани и училишта. Централизираните внатрешни единици овозможуваат прилагодливост на модуларниот систем и способност за задоволување на потребните барања во поглед на греење, ладење и топла вода за цела зграда со можност да се комбинираат со широг опсег на емитери на топлина како на пр. вентилконвектори, конвектори на топлотни пумпи, подно греење и радијатори.
Повратот на топлина ја намалува потрошувачката на електрична енергија
Заштеда на електрича енергија може да се постигне со овој систем со собирање и повторна употреба на топлината, создадена како резултат на ладењето на станот или на целата зграда. Наместо таа топлина, едноставно да се исфрли во околината, истата може да се искористи за добивање на топла вода или за загревање на становите – во истиот или на друго место – намалувајќи ги на тој начин вкупните трошоци назградата за електрична енергија.
Предаватели на топлина
- Подно греење
- Нискотемпературни радијатори
- Конвектори на топлотни пумпи
- Вентилконвектори
МОЖНОСТИ
Соларна опрема за производство на топла вода За уште поголема ефикасност и уште поголема заштеда на енергија, Daikin нуди и комплетен соларен систем. Со него може да се обезбеди и до 70% на потребната енергија, искористена за добивање на топла санитарна вода.
Флексибилен тип Daikin Altherma – прилагодливо решение
СИСТЕМ 3-во -1
Флексибилниот тип на Daikin Altherma грее, лади и обезбедува топла санитарна вода:
• Греење: температурата на излезната вода достигнува до 80°C
• Ладење: температурата на излезната вода достигнува до 5°C
• Топла вода: температура на водата во бојлерот достигнува до 75°C
Благодарение на функцијата на поврат на топлина, овој тип на Altherma, може да ја загрева водата во бојлерот за санитарна вода до 60°C, имајќи ја во предвид ослободената топлина што водата ја предава при режимот на работа при ладење.
EНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ на ТОПЛОТНАТА ПУМПА
Во споредба со котлите на нафта, овој тип на греење и ладење овозможува:
• до 36% помали оперативни трошоци *
• до 71% намалена CO2 емисија*
• до 35% намалена потрошена енергија*
МОДУЛАРЕН СИСТЕМ
Една или повеќе управувани надворешни единици на Daikin Altherma Flexi tip можат да обезбедат греење, ладење и топла санитарна вода.
Надворешната единица со можен капацитет меѓу 23 i 45 kW ја одзема топлината од надворешниот воздух, ја дига на средна температура и ја пренесува таа топлина на пооделните внатрешни единици распоредени по секој спрат или стан.
Внатрешните единици може да бидат според моќноста од6, 9, 11, 14 i 16 kW, при тоа постигнувајќи оптимална ефикасност.
Една надворешна единица може да биде комбинирана со 10 внатрешни единици. За големи системи може да се вградат и повеќе надворешни единици.
Прочитајте повеќе на следните каталози
Обновливо и енергетски ефикасно решение за стамбена и комерцијална употреба
Ако сте се одлучиле да го смените вашиот систем за греење, со енергетски ефикасен и поекономичен систем, тогаш Daikin Altherma е вистинското решение.
Алтермата преставува систем за греење и производство на топла санитарна вода, базирана на технологијата на топлотни пумпи кои ја користат и ја добиваат топлината од воздухот. Со самото тоа овој систем преставува соодветна и економична замена на котлите на фосилни горива Предност е што покрај греење овој систем има опција за ладење во летните периоди.
Високо енергетски-ефикасната топлотна пумпа со технологијата на компресор ја претвара неискористената и неисцрпна топлина од надворешниот воздухот, во корисна топлина потребна за самиот систем за климатизација или за добивање на топла санитарна вода. Со самото тоа Сите карактеристики за енергетски ефикасен систем, како што е намалената потрошувачка на енергија и намалената емисија на СО2, ги поседува Daikin Altherma и затоа со право, оваа топлотна пумпа преставува идеален избор за сечиј дом или комерцијален простор нудејќи идеален комфор.
Конвектори за топлотни пумпи
Конвекторите на топлински пумпи се многу повеќе отколку вентилконвекторските единици или другите видови на предаватели на топлина. Конвекторите на топлотни пумпи можат по потреба да обезбедат греење, ладење и да постигнат оптимална енергетска ефикасност кога ќе се поврзат со системот – Daikin Altherma, особено за новоизградените куќи