Блог новости

Врати се кон Блог новости

Производство на лимени канали за дистрибуција на воздух.

ICS Group е фирма специјализирана за проектирање, продажба и изведба на енергетско ефикасни системи за греење, ладење и вентилација .Во склоп на оваа дејност успешно  се специјализира и за производство на лимени канали кои се користат за дистрибуција на воздух. 

Со имплементиран автоматизиран процес, гарантираме висок квалитет на своите производи. Каналите што се произведуваат се четвртасти и ги исполнуваат стандардите EN1505 и препораките на SMACNA стандардот.

Изработка и материјали

За изработката на своите производи, ICS Group користи висококвалитетен поцинкован лим со дебелина од 0.5 до 1.25 милиметри, во согласност со стандардот EN10142. Лимот што се употребува е класифициран како DX51D+Z275 и содржи цинков слој од 275 грама по метар квадратен, што гарантира заштита од корозија и висок степен на трајност.

Процесот на производство на лимените канали во ICS Group го реализира професионален тим од инженери и висококвалификувани техничари кои ОБЕЗБЕДУВААТ ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА БАРАНИТЕ СТАНДАРДИ и РЕШЕНИЈА ПО ПОТРЕБА НА НАРАЧАТЕЛОТ.

Производниот процес е опремен со автоматизирана производна линија и соодветни придружни машини и алати. Производната опрема е набавена од етаблирани производители што се дополнителен гарант за висока прецизност и квалитет на изработка на крајниот производ.

Секој канал на крајот од производниот процес е ставен на строги проверки и контроли на квалитет.

Во зависност од големината на нарачката, роковите за изработка се релативно брзи и се движат од 1 до 3 дена.

Сподели ја оваа новост

Врати се кон Блог новости

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions