Повеќе информации за Daikin Altherma

Daikin ALTHЕRMA – е oбновливо и енергетски ефикасно решение за стамбена и комерцијална употреба, која истовремено обезбедува ГРЕЕЊЕ, ЛАДЕЊЕ и ТОПЛА САНИТАРНА ВОДА.

Се базира на технологијата на ТОПЛИНСКА ПУМПА “воздух –вода”. Ја користи бесплатната енергија од воздухот, три пати се поефикасни од котлите на фосилни горива и нема ослободување на штетни емисии на СО2.


КАКО РАБОТИ ТОПЛИНСКАТА ПУМПА ?

Tоплинската пумпа најчесто се состои од надворешна и внатрешна единица, а работи на тој начин што создава коло .Ова коло започнува од надворешната единица која ја одзема топлинската енергија од надворешниот медиум во овој случај воздухот.

Топлината преку средството за ладење (фреонот) се пумпа кон внатрешната единица, создавајќи топол воздух или топла вода, која се пренесува на грејните тела во домот како што се радијатори,фенкојлери, подно греење или бојлер.


ПРЕДНОСТИ НА ТОПЛИНСКАТА ПУМПА ?

За секој киловат електрична енергија се генерира помеѓу 3 до 4 киловати обновлива топлина од воздухот што резултира до 400% зголемена ефикасност.


ВИДОВИ АЛТЕРМИ и РЕШЕНИЈА

Daikin Altherma топлинските пумпи од типот воздух –вода се поделени на нискотемпературни и високотемпературни топлински пумпи, а во зависност од тоа и пумпите се наменети за новоизградени или за реновирани објекти.

Разликата помеѓу високотемпературни и нискотемпературни топлински пумпи?

Ниската или високата температура се однесува за температурата на излезната вода која ја создава пумпата, а се пренесува до грејните тела во просторот.

Нискотемпертурните топлински пумпи главно се дизајнирани за системи на кои што не им е потребна температура на вода повисока од 45С, како што се конвектори на топлина или подното греење, додека високотемпературните топлински пумпи се дизајнирани за постари радијатори на кои што понекогаш им е потребна температура на вода до 70С.

45

Нискотемпературна топлинска пумпа

70

Високотемпературна топлинска пумпа


ПРИДОБИВКИ ОД АЛТЕРМА -ТОПЛИНСКИТЕ ПУМПИ


0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions