100 години Daikin

Од пионер до глобален лидер во греење и ладење

Приказната за Daikin отсекогаш била обликувана од револуционерни идеи, технолошки иновации и посветени луѓе. Започна во 1924 година кога младиот јапонски инженер, Акира Јамада со тим од 15 членови формира компанија во Осака за производство на радијатори за авиони. Денес,100 години подоцна,кога  во светот се нудат секојдневно големи иновациите и предизвици,Даикин успе да се наметне како лидер и да стане синоним во светски рамки за иновативна технологија и квалитетни системски решенија за греење, ладење ,вентилација и климатизација . Во моментов Даикин брои повеќе од 96.000 вработени во 173 земји кои остануваат доследни и го почитуваат наследството на примена и развој на водечки технологии за унапредување на греењето и ладењето со ниска содржина на јаглерод, притоа обезбедувајќи највисоко ниво на удобност и комфор.

Баш По твоја Желба.

Истражете ги пионерските технологии на Daikin и дознајте како значајните глобални иновации од минатиот век го трансформираа светот во кој живееме денес.


Спремeте се за патување низ времето

1924
1935
1938
1951
1958
1963
1967
1973
1982
1993
1997
1999
2004
2006
2009
2011
2013
2014
2016
2017
2018
2019
2020
2021
2022
2023
2024

1924

Почеток на историјата на компанијата Daikin

Акира Јамада, младиот јапонски инженер, ја формира Осака Кинзоку Когјошо Лтд., започнувајќи го развојниот пат за производството на радијаторски цевки  за авиони.

Истата година, група германски научници произведоа тетанус токсоид вакцина, што доведе до намалување на случаевите на тетанус за 95%, а денес е на листата на есенцијални лекови на Светска здравствена организација.

Извор: https://www.nvic.org/disease-vaccine/tetanus/history

1935

Во Јапонија првпат беше произведен гас флуоројаглерод

Ова достигнување беше од клучно значење за да го направи Daikin водечки производител на клима уреди и единствена компанија во светот која развива и произведува климатизери но истовремено и средства за ладење. (ладилни гасови познати како ФРЕОНИ)

1938

Испорачан е првиот чилер со флуоројаглероден гас

После откривањето на флуоројаглеродните ладилни гасови ( фреони), во 1936 година Јапонија го претстави својот прв климатизиран воз за електричната железница Nankai. Овој вовед беше проследен со уште една пресвртница во 1938 година кога во Kure Naval Arsenal испорачан е „Mifujirator“,прва единица за ладење во Јапонија која користи флуоројаглероден ладилен гас,

Во 1930-тите, е забележан голем бран на иновации кои го зафатија светот. Еден забележлив пример беше во 1933 година кога се започна со изградба на мостот Goloden Gate за поврзување на Сан Франциско со округот Марин. До 1937 година, мостот беше завршен.

извор: https://www.goldengate.org/bridge/history-research/bridge-construction/

1951

„Mifujirator“ –  првиот унифициран клима уред кој воведе револуција во индустријата KGH

„Mifujirator“, е првиот унифициран клима уред кој ја трансформираше индустријата со поедноставување на целосниот процес од дизајн до работа, во систем со клуч на рака, што беше постигнато со автоматска контрола на компресорот, кондензаторот и вентилаторот. Пред неговото појавување, конвенционалните системи за климатизација бараа високо ниво на стручност и техничко знаење. Веста за новото откритие брзо се прошири, правејќи го унифицираниот клима уред во невиден успех.

Во Америка, UNIVAC I (универзален автоматски компјутер), произведен од компанијата Remington Rand беше доставен до Бирото за попис на САД, означувајќи го почетокот на ерата на комерцијални електронски пресметки. Долги години, терминот „UNIVAC“ беше синоним за сите компјутери, што ја претставуваше првата глобална апликација на компјутер произведен за комерцијални цели.

Извор: https://www.census.gov/history/www/innovations/technology/univac_i.html?CID=CBSM+History

1958

Daikin ја започнува својата пионирска технологија на производство на топлотни пумпи

Со појавата на првиот интегриран клима уред кој користи технологија на топлотна пумпа, Daikin ја постави базата за сегашната водечка позиција во областа на енергетски ефикасни и еколошки прифатливи решенија за греење и ладење.

Истата година, во Брисел е организирана Светската изложба,прва по Втората светска војна каде беше поставен Atomium-от, кој претставува алфа кристал изработен од железо и зголемен 150 милијарди пати .Истиот стана симбол за  „Технологијата во служба на човекот. ” Напредокот на човештвото преку напредокот на технологијата“

Извор: https://www.atomium.be/discover

1963

Започнува масовно производство на комерцијални клима уреди.

Со основањето на Kanaoka фабриката во производствениот погон Sakai во Осака, Јапонија, беа поставени основите за целокупното производство на комерцијални клима уреди. Подоцна, во 1966 година, во истата фабрика започна производство на центрофугални ладилни агрегати.

Исто така, во 1963 година, компанијата Osaka Kinzoku Kogyo Co., Ltd. беше преименувана во Daikin Kogyo Co., Ltd., а подоцна, во 1982 година, беше преименувана во Daikin Industries, Ltd., што е денешната ознака на глобалната групација. Објаснувањето на името е следното: “DAI” на јапонски претставува “О” како скратеница за Осака, а “КИН” е скратеница за “Кинзоку”, што значи метал.

1967

Влегување на Daikin на европскиот пазар. Прва европска држава за влез е малиот остров Малта.

Во Јапонија, масовното производство на клима уреди започна во раните шесети години,но поминале цели 5 години пред да биде подготвен терен за претставување на Daikin во Европа.

Во 1966 година, англичанецот  Richard Higgs , кој водеше продавница за куќни апарати, се обиде да основа производен погон на компанијата Hitachi на Малта. Овој обид бил неуспешен, Higgs се обратил кон друг бренд пронаоќајки го  Даикин, што доведе до основање на Daikin Airconditioning Corporation Ltd. во 1967 година. За да го превземе европскиот пазар, Higgs го вработува Ali Rashidija,кој подоцна станува директор за продажба и маркетинг на Daikin во Европа.

Во истата година кога Daikin влегува во Европа, американските астронаути Neil Armstrong  и Buzz Aldrin влегоа во историјата, кога на 20-ти јули 1969 година, како први луѓе кои стапнаа на Месечината.Тогаш Armstrong  ја изговори фамозната реченица: „Ова е мал чекор за човекот, но голем за човечанството“.

Извор: https://www.bbc.co.uk/newsround/48789792

1973

Европско производство, јапанска технологија

Во првите години со работа во Европа, Daikin заклучува дека Малта не е најповолно место поради нејзината изолираност од трговскиот блок на Европската економска заедница (ЕЕЗ) и оддалеченоста од главните европски пазари.

Барањето на поповолна локација го доведе јапонскиот производител до Белгија. Во јануари 1973 година Daikin започнува градба на фабрика за производство од 5.000 м2, на парцела од 73.000 м2, во Остенде, Белгија. Во неа започна со склопување на клима уреди со помали капацитети и разладни агрегати со водено ладење.

Во 1972 година, Daikin Europe N.V.беше основан како правно лице во Остенде, со јасна цел за развој, производство и пласман на HVAC производи произведени во Европа.

Во 1973 година, Моторола го претстави првиот мобилен телефон, но тој не беше достапен за купување. Технолошките ентузијасти мораа да почекаат до 1984 година, кога беше лансиран DynaTAC 8000x по цена од 3.995 долари.

Извори: https://www.motorola.com/us/about/motorola-history-milestones,

https://www.mobilephonemuseum.com/phone-detail/dynatac-8000x

1982

Првата VRV единица во светот беше лансирана во Јапонија.

Новиот VRV (Variable Refrigeration Volume) систем на Даикин овозможи енергетски ефикасно и флексибилно решение за индивидуална климатизација за згради со мала и средна големина.

Подоцна, во 1988 година, технолошки напредниот VRV систем беше пуштен на европскиот пазар како прв мулти-собен климатски уред за канцеларии и продавници и слични комерцијални објекти, базиран на директна експанзија (DX).

Commodore International во 1982 година го претстави на пазарот популарниот Commodore 64, 8-битен домашен компјутер со 64 KB RAM. Тој долго време беше сметан за најпродаваниот домашен компјутер на светот, со проценет број од 12,5 до 30 милиони продадени примероци.

Извор: https://commodorehistory.com

1993

Првиот онлајн дијагностички систем достапен 24/7

Ова решение, познато и како „Air Conditioning Network Service System“, беше стартувано во Јапонија за следење на оперативниот статус на нашите комерцијални мулти-сплит системи за климатизација. Во случај на неправилна работа, Дајкин сервисен инжењер обично би пристигнал да обезбеди корисничка поддршка во рок од два часа, дури и во текот на ноќта или празниците.

Во 1990 година која го окарактеризџира и минатиот век како период на  Интернет и софтвер, започна со 2,3 милиони корисници на Интернет. До 2023 година нивниот број порасна на 5,4 милијарди.

Извори: https://blog.wiwo.de/look-at-it/2021/08/12/vom-industriezeitalter-bis-kuenstlicher-intelligenz-die-6-innovations-zyklen-der-letzten-250-jahre/, https://www.statista.com/statistics/617136/digital-population-worldwide/

1997

Прво светско масовно производство на фреон R-32

Daikin ја основа првата фабрика во светот за масовнo производство на R-32 фреон  и започна истражување и развој на примена на оваа разладна течност во системите за греење и ладење.

Во 2012 година првиот резиденцијален клима уред со разладна течност R-32, Daikin го престави на пазарот. Фреонот R-32 има помал потенцијал за глобално затоплување (GWP) од 675, што ги прави системите кои го користат многу енергетски поефикасни. Оваа иновација беше голем чекор кон намалување на јаглеродните емисии. Оттогаш Daikin направи неколку од своите патенти јавно достапни, за да ја промовира употребата на разладната течност со помал GWP.

Исто така, во 1997 година, револуционерниот “swing” компресор, уште еден првенец на Daikin, беше лансиран на европскиот пазар.

 

Претставен на јапанскиот пазар во 1997 година, Toyota Prius стана првото хибридно електрично возило во светот што влезе во масовна производство. Но, само на почетокот на 2010-тите години со востановувањето на Tesla, електричните возила стекнаа широк комерцијален успех.

Извор: https://www.energy.gov/articles/history-electric-car, https://www.toyota-global.com/company/history_of_toyota/75years/

1999

Основана е Daikin Central Europe

Во 1999 година, регионалното седиште на компанијата Daikin Airconditioning Central Europe беше основано во Виена за да се отвори пат за поголемо пробивање на растечките пазари на средна и источна Европа. Денес овој регион вклучува 16 пазари, 700 вработени и 2.500 партнери.

Во истата година, албумот „Hours”, издаден од Дејвид Боуи, стана еден од првите музички албуми на водечки пејачи кој стана достапен за преземање преку Интернет пред издавањето на CD-то.

Извор: https://en.wikipedia.org/wiki/Hours (Album_David_Bowie)

“Ururu Sarara” станува првиот сплит систем на светот со вградено овлажнување.

Овлажнувањето е овозможено без довод на вода, со извлекување на влага од надворешниот воздух. Овој револуционерен клима уред ги обедини сите Daikin технологии за подобрување на комфорот, удобноста и идеалната температура и одтогаш е водечки производ на компанијата.

2004

Ширење на производството во Европа

Во 2004 година, Daikin отвора свој втор производствен објект во Европа, централно лоциран во Пилзен во Чешката Република со 1200 вработени.Најзначајните уреди кои се произведуваат таму се мали клима уреди за резиденцијана употреба.

Две години подоцна, во 2006 година во Брно беше основана компанијата Daikin Device Czech Republic, како база за производство на компресори за клима уреди.

2006

Daikin потполно влегува на пазарот за греење

По лансирањето на култната Daikin Altherma топлотна пумпа воздух-вода во 2006 година, Daikin постанува водечки производител на хидраулични топлотни пумпи во Европа.

“ALTHERMA” значи “ПOТПОЛНО-ТЕРМАЛНА”, обезбедувајќи греење, топла вода и ладење низ целата година и “АЛТЕРНАТИВНА”, бидејќи заменува традиционални системи со загревање.

 

Само една година подоцна, во 2007 година, Apple® го лансира iPhone со комбинирање на 3 компоненти: револуционерен мобилен телефон, iPod® со широк екран со допирни контроли и напредна интернет комуникација со е-пошта, веб и стандардно пребарување,и  сето  тоа во форма на мали и лесни рачни уреди.

Извор: https://www.apple.com/newsroom/2007/01/09Apple-Reinvents-the-Phone-with-iPhone/

2009

Со „Daikin Altherma LT”, компанијата станува прв производител кој добил “eco” ознака за топлотни пумпи

Доделувањето на Eco-label признанието за Daikin Altherma LT во 2009 година, ЕУ званично потврдува дека топлината (енергијата) од воздухот претставува извор на обновлива енергија за греење. Технологијата на топлотната пумпа ја користи таа енергија за обезбедување на енергетски ефикасно греење.Истата година беа лансирани дополнителни иновации како што се Daikin Emura, Daikin Altherma Monobloc и Daikin Altherma HT (високотемпературна).

2011

“Airfel” постанува Daikin Turkey

Во 2011 година, турскиот производител на уреди за греење и климатизација Airfel се придружува на Daikin и станува Daikin Turkey. Тимот брзо расте, од 200 на денешните 1750 вработени.

2013

Свечено лансирање на „Ururu Sarara Bluevolution”

Оваа единица, прва која користи разладна течност R-32, означува пробив во резиденцијалните топлотни пумпи воздух-воздух во Европа. Овој иновативен систем безпрекорно интегрира A+++ климатизација, овлажнување, одвлажнување и вентилација со користење на свеж воздух. Затоа доби престижната награда Reddot Design во 2013 година.

Свечено лансирање на „Ururu Sarara Bluevolution”

Истата година, во Дубаи, Daikin ја отвора својата прва фабрика на Блискиот Исток за производство на клима комори .

2014

“McQuay Italia” постанува Daikin Applied Europe

Со седиште во Арича, во близина на Рим во Италија, филијалата на Daikin Industries претставува европски стручен центар за дизајнирање и производство на разладни агрегати за ладење, комерцијални топлотни пумпи, клима комори, компресори и инвертерски погони.

Во 2024 година, разладниот капацитет на продуктите во асортиманот на компанијата се крева од 10 до 11.000 KW и од 200 до 144.000 m3/h проток на воздух за вентилација. Компанијата располага со три производни локации во Италија.

2016

Проширувањe на Daikin понудата на разладни уреди

Во текот на 2000-тите години, Daikin Europe почна да ја диверсифицира својата понуда со воведување на специјални комерцијални разладни производи. Лансирањето на производот Conveni-pack во 2007 година го одбележа почетокот на тоа проширување.

Со визијата да обезбеди решенија за целиот ланец на ладење, групацијата придоби повеќе компании за ладење, како што се Zanotti во 2016 година за транспортно ладење, Hubbard во 2016 година и Tewis во 2018 година, со цел да ја прошири понудата на комерцијални разладни решенија. Во 2019 година, AHT Cooling Systems, фокусиран на plug-in ладилни решенија за прехрамбени малопродажни ланци, се придружи на Daikin Europe групацијата.

 

Најновите иновации во 2023 година доаѓаат со компанијата Daikin Inverter Monoblock во форма на еколошки прифатливо решение за комерцијални ладилници и новите разладни единици Exigo за камионски приколки.

2017

Создадена е првата Daikin платформа за потрошувачите – „Stand by me (Биди до мене)”.

Оваа платформа ги вклучува сите најважни информации за инсталираниот систем, обединувајќи ги сите информации за гаранцијата на уредот на едно место. Таа обезбедува и информации за избраниот сервисен партнер кој е достапен за сите прашања или проблеми поврзани со системо

2018

Во Виена се отвара првиот од многуте Daikin B2C центри

Оттогаш, корисниците во Австрија имаат можност да добијат совети од стручни лица за најновите топлотни пумпи и климатизациски решенија за нови и реновирани објекти и да купат опрема директно од производителот.

Денес постојат единанаесет B2C центри во различни европски земји, каде сопствениците на домаќинства можат да ги искусат еколошки одржливите решенија за греење и ладење директно од Daikin стручните тимови.

2019

Циркуларна економија „Loop by Daikin”

Daikin започнува со програм за циркуларна економија на разладните течности „LooP by Daikin”, чекорејќи кон остварување на Визијата за заштита на животната средина до 2050 година. Започнувањето со линијата на продукти VRV, опремени со обновени разладни течности, денес е целосен програм за превземање,обнова и повторна употреба на разладните течности. (фреоните)

2020

ROTEX Güglingen постанува Daikin Manufacturing Germany

Германскиот производител на опрема за греење ROTEX Heating Systems беше купен во 2008 година и во 2020 година беше преименуван во Daikin Manufacturing Germany. Проширувње на три нови производни линии.

Во текот на првата година од пандемијата на Коронавирусот, развиена е Daiki-овата петтгодишна бизнис стратегија Fusion25, со цел да се установи Total Solutions Business, што подразбира фокусираност кон клиентите и засилување на Daiki-овата позиција како лидер во еколошкото греење и ладење во Европа.

 

Декември 2020 година, Светската здравствена организација (WHO) препорача првата mRNA вакцина за спешна употреба, од избувнувањето на пандемијата на COVID-19.

Извор: https://www.who.int/news/item/31-12-2020-who-issues-its-first-emergency-use-validation-for-a-covid-19-vaccine-and-emphasizes-need-for-equitable-global-access

2021

“Your Daikin World”- првиот B2B центар за искуство се отвара во Виена.

„Your Daikin World” е простор за заедничко креирање каде Daikin партнерите можат да искусат климатизациски решенија за хотели, мали продавници, канцеларии и големи комерцијални објекти.

Тука се наоѓа и еден од 116-те врвни Daikin центри за обука во регионот на ЕМЕА. Овие центри им нудат на партнерите за инсталација и сервис  обука за да ги опремат со нови знаења и вештини потребни за обезбедување на одлична услуга за крајните корисници

2022

Континуиран раст со рекордна продажба

На крајот на фискалната 2022. година, Daikin Industries Ltd. постигна рекорден промет од 28,2 милијарди евра, што е најдобриот резултат на групацијата во нејзината историја. Овој успех беше поттикнат од растечката потреба за еколошки решенија за греење и ладење, како и од извонредната посветеност на повеќе од 96.000 вработени во Daikin.

Истата година, започнато е со зголемување на производните капацитети во фабриките за топлотни пумпи во Белгија, Германија, Чешка Република и Турција. Исто така, најавена беше изградба на најголемата фабрика за производство на резиденцијални топлотни помпи во Лоѓу (Полска). Исто така започпнатое и со подготовка за втора фабрика за производство на климa комори на Блискиот Исток, во Саудиска Арабија.

 

Во ноември 2022. година, ChatGPT беше лансиран од страна на OpenAI и постигна 5 милиони корисници во рок од пет дена. Chatbot, конверзационен алат, кој се базира на база на податоци од 300 милијарди зборови и 175 милијарди параметри, комуницира со своите корисници преку дијалог. Овој формат на дијалог овозможува AI моделот да одговори на дополнителни прашања, да ги признае своите грешки, да ги изврши неточните претпоставки и да ги отфрли непотребните барања.

Извори: https://openai.com/blog/chatgpt, https://www.tooltester.com/en/blog/chatgpt-statistics/, https://www.forbes.com/sites/bernardmarr/2023/05/19/a-short-history-of-chatgpt-how-we-got-to-where-we-are-today/?sh=6992a66b674f

2023

Јапонска традиционална церемонија за поставување на темели од нова фабрика

Свечената церемонија од поставувањето на камен-темелникот од најголемата европска фабрика на топлотни пумпи во Полска во вредност од 300 милиони евра беше придружена со традиционална јапонска церемонија.

50 години во Европа

Компанијата Daikin Europe го прослави својот 50-годишен јубилеј во Европа. Го посакуваме добредојде на нејзиното Кралско Височество принцеза Астрид од Белгија на нашата конференција за одржливост во Гент, која се фокусираше на транзицијата кон чиста енергија и значењето на соработката помеѓу јавниот и приватниот сектор за создавање еднакви услови за иновации во областа на греење и ладење со ниски емисии на јаглерод.

2024

100 години од основањето на Daikin

Денес, 100 години по основањето на компанијата од страна на Акира Јамада во 1924 година, горди сме што на глобалниот пазар нудиме решенија за иднината во областа на греење, ладење, вентилација, прочистување на воздухот и овлажнување. На овој начин превземавме одговорност и активно допринесуваме во решавањето на еден од најголемите предизвици на современото општество – борбата против климатските промени.

Претставување на VRV 5 топлотна пумпа за одржливи градежни решенија

Во 2024 година се  проширува Daikin асортиманот на VRV со нов еколошки систем, VRV 5 топлотна пумпа, позиционирајќи го како најдобриот избор за проекти каде што приоритет е минимизирање на влијанието на објектот врз животната средина. Ова е како додаток кој го надополнува вкупниот асортиман на производи, вклучувајќи го VRV 5 Heat Recovery i Mini VRV 5 S-серијата.

За да ги најдеме најдобрите решенија за нашите клиенти во постигнувањето на нивните цели за одржливост, Daikin стручниот тим не само што нуди помош при изборот на правилни HVAC решенија, туку и споделува знаење за употребата на EPD и EPDB законодавствата и помага во добивањето на сертификати за еколошка градба, како што се BREEAM, LEED и WELL.

Стига новата топлотна пумпа Daikin Altherma

Во 2024 година исто така ќе биде претставена 4-та генерација на станбени топлотни пумпи Daikin Altherma, која користи разладна течност пропан R-290, со потенцијал за глобално затоплување од само 3, покрај постоечките решенија базирани на R-32.


0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions