Блог новости

Врати се кон Блог новости

Штo треба да знаете пред да купите клима уред?

  1. Најнапред треба да се одлучите колку простории сакате да загревате или ладите. Ако сте се  одлучиле само за една просторија (во тој случај ќе ви треба моносплит систем, доколку сакате да климатизирате неколку простории (во тој случај подобро решение е мултисплит систем).
  1. За да имате добар ефект на ладење и греење и беспрекорна штедливост и работа на системот, најдобро е при изборот да се одлучите за висококвалитетен клима уред бидејќи тие се сигурни, издржливи и имаат добра  енергетска ефикасност.
  1. Обезбедете добра изолација во станот.
  1. Проверете дали просторот каде што ќе се постават внатрешната и надворешната единици е чист,бидејќи за да работат клима уредите што е можно поефикасно потребно им е доволно снабдување со воздух.
  1. Клима уредите извлекуваат од надворешниот воздух 70-80% од потребната енергија. Додека за преостанатите 30-20% е потребна електрична енергија и затоа треба да се провери дали напојувањето со струја е со постојана моќност.
  1. Обезбедете професионални и сертифицирани инсталатери за поставување на клима уредите.
  1. Купувањето на клима уредите напаравете го во специјализирани фирми за климатизација и вентилација.

Зошто?

Во специјализираните фирми работат стручни тимови од машински инженери кои врз основа на проектниот план од станот ќе ви изработат оптимална термотехничка пресметка за потребниот капацитет на клима уредите соодветно од големината на просториите.Најпрво тие ќе организираат посета на лице место и ќе видат дали вашиот дом е погоден за инсталирање на клима уред или друг вид на топлинска пумпа.

Исто така тие ќе ви дадат совети и препораки за  местото каде да се постави надворешната единица и ќе Ви препорачаат кој тип на внатрешна единица е најпогоден за вас: подно-парапетна, високоѕидна,  или скриено-таванска единица.

Тогаш можете да бидете сигурни дека сте го направиле најдобриот избор а вашиот дом ќе биде климатизиран БАШ ПО ТВОЈА ЖЕЛБА преку целата година.

И на крај конечно можете да седнете и да се опуштите.

За повеќе информации контактирајте го стучниот тим на ICS Group

Продажен салон i-Showroom:

бул.Илинден бр.160/1, Карпош
Тел. (02) 30 84 465 / 076 / 344-728
e-mail: i-showroom@icsgroup.mk

Дирекција.
Ул. 164 бр.46а,1000 Скопје, МАКЕДОНИЈА
Тел: (02) 3109 949
e-mail: info@icsgroup.mk

www.icsgroup.mk

Сподели ја оваа новост

Врати се кон Блог новости

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions