Блог новости

Врати се кон Блог новости

Оглас за вработување: ПОМОШНИК НА ТЕРЕН

ИЦС ГРУП ДОО – Скопје e приватна компанија,овластен партнер  на Јапонскиот бренд DAIKIN  за Македонија, специјализирана за проектирање,продажба и изведба на системи за греење, ладење, климатизација и вентилација. Во моментов поради проширување на тимот имаме потреба од вработен за работната позиција:

ПОМОШНИК НА ТЕРЕН

Цел на работното место: Асистирање и испомош при сервис на клима уреди, топлотни пумпи, VRV системи и опрема од  брендот  DAIKIN.

Работа на објекти на одржување на системите за греење и ладење, пуштање на опремата во работа и сл.

Потребни квалификации:

Без искуство

  • Предиспозиции за работа со фреонски инсталации.
  • Желба за учење и развој и надградување на знаењето.
  • Желба за теренска работа.
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија и активен возач.

Со искуство

  • Пожелно е работно искуство како помошник сервисер за клима уреди.
  • Диплома од средно стручно образование (машинска или електро струка).
  • Основно познавање на  системите за климатизација.
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија и активен возач.
  • Способност за работа со фреонски инсталации и струјни електрични инсталации.

Клучни лични карактеристики: Прецизности и точност во работењето, педантност, уредност, лична одговорност.

Ние нудиме:

  • Работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот
  • Програми за професионален развој, посета на обуки и сл
  • Работа со најквалитетните брендови

Работната позиција е во Скопје

Целокупната работа е низ цела Македонија и странство.

Сите заинтересирани кандидати своето  CV може да го  испратат на следнава e-mail адреса  ivona@icsgroup.mk  (со назнака за работно место помошник на терен)

Сподели ја оваа новост

Врати се кон Блог новости

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions