Блог новости

Врати се кон Блог новости

КУПИ ИНВЕРТЕР КЛИМА DAIKIN ОД ИЦС ГРУП И ЗАЕДНИЧКИ ДА АПЛИЦИРАМЕ ЗА 1000 ЕВРА СУБВЕНЦИИ ОД ГРАД СКОПЈЕ

На 03.07.2020 година, град Скопје објави јавен повик за субвенционирање на 5000 семејства  за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување .

КОИ ИМА ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ ? 

Право на учество на Јавниот повик имаат :

  • жителите на градот Скопје (во општините: Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел, Сарај) кои имаат купено високоефикасен инвертер клима уред за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) во период од 01.01.2020 година се до завршување на Јавниот повик на 30.11.2020 и ќе поднесат барање за надоместување на трошоците.

На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата):

  • кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење без оглед на тоа дали го користат,
  •  кои имаат техничка можност за приклучување кон системот за централно греење и
  • жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.

КОИ УСЛОВИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНИ БАРАТЕЛОТ ЗА СУБВЕНЦИИ ?

– да има живеалиште на подрачјето на град Скопје (  во погоре наведените општини)

 – да нема искористено субвенции за затоплување (печки на пелети/инвертери) на своето домаќинство (станбен објект) од Градот Скопје; – до поднесување на барањето да е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,

– да ја предаде постојната печка на јаглен, дрва, нафта или мазут на Град Скопје или на службите на јавните претпријатија на Град Скопје. Местата и времето за предавање на старите печки ќе бидат дополнително определени, а за тоа граѓаните ќе бидат известени на интернет страницата на Градот Скопје: www.skopje.gov.mk;

– набавениот уред да биде купен во 2020-та година се до завршување на Јавниот повик,

– истиот да биде исплатен во целост и да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот;

– набавениот уред задолжително да ги има најмалку следните карактеристики: да има најмалку COP 3.5, да грее на надворешна температура од -15°C и биде најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење;

– станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее;

– да нема приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот, без оглед на тоа дали го користи, и – да нема техничка можност за приклучок на системот за централно греење.

ЗА ДОКЖУВАЊЕ ДЕКА УСЛОВИТЕ СЕ ИСПОЛНЕТИ, БАРАТЕЛОТ ДО ГРАД СКОПЈЕ ТРЕБА ДА ГИ  ДОСТАВИ СЛЕДНИВЕ ДОКУМЕНТИ:

  1. Потпишано и скенирано БАРАЊЕ  за надоместок –  (Барањето може да се обезбеди од интернет страницата на Град Скопје :    www.skopje.gov.mk     

     или  може да се земат во просториите на ИЦС ГРУП.;

  •  СКЕНИРАНА важечка ЛИЧНА КАРТА, (како доказ дека е жител на град Скопје;)
  •  СКЕНИРАНА   ФОТОГРАФИЈА  од печката на дрва, јаглен, нафта или мазут која ја користи;
  •  СКЕНИРАНА  НОТАРСКИ заверена ИЗЈАВА  дека доброволно и без надомест ќе ја предаде постојната печка на дрва, јаглен, нафта или мазут на Град Скопје или на службите на јавните претпријатија на Град Скопје и дека нема искористено субвенции за затоплување (печки на пелети/инвертери) на своето домаќинство (станбен објект) од Градот Скопје ( пример од   изјавата е објавен на интернет страницата на Град Скопје:    www.skopje.gov.mk     

     или  може да се земат во просториите на ИЦС ГРУП.;

  • СКЕНИРАНА  оригинална ПОТВРДА , заверена со потпис и печат од продавачот, дека набавениот инвертер клима уред е високоефикасен т.е. ги исполнува следните минимални карактеристики:

– има најмалку COP 3.5,

– грее на надворешна температура од -15°C и е

– најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење (пример на потврдата е објавен на интернет страницата на Град Скопје www.skopje.gov.mk     

    или во просториите на ИЦС ГРУП.  www.icsgroup.mk

        6. СКЕНИРАН оригинален доказ дека е извршено купување во 2020 година .и тоа со само една фискална сметка или фактура со извод од деловна банка за извршена уплата во целост,

       7. СКЕНИРАНА  трансакциска сметка 

Сите DAIKIN инвертер клими во ЦЕЛОСТ ГИ ИСПОЛНУВААТ УСЛОВИТЕ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ ОД ГРАД СКОПЈЕ:

– COP > 3.5 kW

– Енергетска  ефикасност за греење: A +

– Работен опсег на греење: -15°C ~ 18°C

 Содржината е превземена од https://skopje.gov.mk/

https://www.surveymonkey.com/r/gradskopje-inverter2020

Сподели ја оваа новост

Напишете коментар

Врати се кон Блог новости

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions