Блог новости

Врати се кон Блог новости

ЗОШТО DAIKIN КЛИМА УРЕДИ ЗА ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ?

Зошто да го изберете сплит системот на Daikin?

Од своето формирање во 1924 година Daikin од Јапонија започна со производство на системи за климатизација и оттогаш па до денес,во своето скоро-сто годишно постоење успешно ја развива својата производна линија и ги подобрува нивните перформанси за да го олесни греењето и ладењето во секој дом, со НАЈНИСКА ПОТРОШУВАЧКА на електрична енергија.Како иноватор на инвертер технологијата,на фреонот R-32 и уште на многу други иновации од полето на климатизацијата,со право денес Daikin важи за лидер на светскиот пазар и бренд No.1, а неговите производи важат за најштедливи системи.Сите карактеристики на производите се потврдени и серифицирани со EUROVENT сертификат.

Инвертер клима уредите од брендот Daikin, се идеално решение за секоја примена (резиденцијална, комерцијална, индустриска), благодарение на широкиот асортиман на достапни производи и за ладење и за греење.

Овие производи Ви овозможуваат НИСКИ СМЕТКИ за струја, благодарение на големата сезонска ефикасност до A+++, и функциите за заштеда на енергијаEconomo мод,  интелигентно око, неделен и дневен тајмер.

Совршена внатрешна клима:

  • многу тивок звук, совршена распределба на протокот на воздух.                             
  • можност за контрола на единиците преку WiFi,од секоја локација со апликација (достапна за iOS и Android), преку локалната мрежа или преку интернет и најново
  • со АПЛИКАЦИЈАТА Daikin ONECTA можете да ја: – СЛЕДИТЕ ПОТРОШУВАЧКАТА на ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА – КОНТРОЛА НА ТЕМПЕРАТУРАТА при греење и ладење – ГЛАСОВНА КОНТРОЛА со Amazon Alexa или Google Assistant

Преглед на внатрешни единици

  1. Високоѕидни единици ( Sensira, Emura, Stylish, Ururu Sarara, Perfera, Comfora)
  2. Парапетни единици (FVXM-F и Perfera FVXM-A)
  3. Скриени тавански (каналски) единици (FDXM-F9)
1.Daikin Emura Високоѕидна единица
2. Daikin FVXM-F Парапетна единица единица
3. Daikin FDXM-F9 Скриена таванска единица

Daikin инвертер технологија

Климатизерите со инвертер технологија ја прилагодуваат брзината на компресорот за контрола на протокот на фреон, со што се троши помалку струја и моќност. Инвертeрот има прецизна контрола на температурата, и како што се постигнува поставената температура, единицата го прилагодува својот капацитет за да ги елиминира флуктуациите на температурата.

Спротивно на тоа, клима уредите со не-инвертер имаат фиксен капацитет за ладење и греење и можат само да ја контролираат внатрешната температура со стартување или запирање на нивните компресори.

Daikin клима уреди оптимизирани за греење

Специјален асортиман на сплит-единици, што се оптимизирани за греење, и се погодни за поладни клими, дури и при лоши зимски услови. Загарантирани капацитети и на -25°C. Голема енергетска ефикасност при греење со SCOP до A++.

 Изберете од широкиот асортиман на Daikin инвертер клима уреди, погледнете ги сите модели на www.icsgroup.mk. (02) 3084 465

Сподели ја оваа новост

Врати се кон Блог новости

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions