Блог новости

Врати се кон Блог новости

ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ РАСТЕ: Како да си го заштитиме домот?

Квалитетот на воздухот се повеќе се влошува, а секојдневните податоци покажуваат големо ниво на загаденост во повеќе македонски градови. Алармантно станува зголемувањето на концентрациите од ситни честички и прашина во воздухот, како и концентрациите на штетни гасови од типот на СО2, H2S, азотни оксиди
 

Според одредени статистички податоци, во Македонија годишно се губат околу 1.350 животи и илјадници продуктивни денови како резултат на загадувањето на воздухот од ваквите штетни материи и гасови.

 

Решавањето на проблемот со загадувањето на воздухот e глобален процес. Со Европската регулатива 20-20-20, за чија имплементација се залага и Македонија, се предвидува до 2020 година емисијата на штетни гасови во сите земји да се намали за 20%. Но, тоа е долгорочен процес, за кој треба време, но и исполнување на повеќе фактори, услови и критериуми.

 

Затоа за да креира чиста средина во сопствениот дом, човекот како индивидуа може да делува многу побрзо и самиот да си ги обезбди најдобрите животни услови.

 

За одржување на чист воздух во сопствениот дом или работна средина, покрај честото одржување на хигиената, имплементирање на енергетски ефикасни системи за греење, без ослободување на чад, СО2, сулфур и сл., секако е многу важно и честото проветрување и прочистување на просториите.

 

Но, особено во зимските денови кога маглата и смогот се се почесто присутни во големите градови, проветрувањето на домот се чини дека не е најдобра опција за да обезбедите чист воздух. Проблемот не е ништо помал и во другите периоди од годината, при зголемените концентрации од алергени честички како на пример полен, домашна прашина и сл. Затоа на пазарот веќе постојат специјални апарати кои го решаваат овој проблем. Ова се дел од производите за оваа намена кои се достапни на македонскиот пазар:

Благодарение на Flash Streamer- технологијата, DAIKIN го произведе прочистувачот на воздух за домашна употреба URURU MCK75JVM-K. Тој преставува уред кој исклучително ефикасно ги отстранува овие потенцијално штетни честички, одвлажнува и навлажнува. Истиот функционира преку 7-слоен систем на филтри: предфилтер-за отстранување големи честички ; био-антибоди филтер за отстранување вируси ; плазма јонизатор ; Flash Streamer разградувач на хемиски супстанции; Flash Streamer за фотокаталитичка реакција ; фотокаталитички филтер од титаниум апатит ; катализатор за деодоризација. Уредот е екстремно тивок при работење (19 dBa), компактен е и лесно пренослив (9кг.) Лесен е за одржување и чистење, единствено треба повремено да се наполни резервоарот од 4 литри со вода и тој ќе ја навлажнува просторијата со максимални 600ml/h.

 

Даикиновата напредна технологија оди уште понапред, URURU SARARA. Греењето на собите во текот на зимата има тендеција да го суши воздухот, а како последица на тоа да предизвикува воспаленија на грлото, настинки и други болести. Во текот на летото пак високото ниво на влажност, дури и покрај умерените температури, може да биде многу непријатно. За да се ужива во удобноста на просторот во текот на целата година потребно е повеќе од контрола на температурата – потребна е контрола на влагата, комбинирано со довод на свеж воздух. Новата единица на DAIKIN, URURU SARARA со својата единствена комбинација на навлажнување, одвлажнување, вентилација и пречистување, како и греење и ладење, претставува единствен систем со 5 техники на третирање на воздухот. Овој систем е со висока енергетска класа означен како А+++, што значи исклучително ефикасен и штедлив систем. Филтерот за автоматско  прочистување на воздухот ја редуцира потрошувачката на енергија за 25%. Прочистениот воздух рамномерно се дистрибуира низ целата просторија, отстранувајќи ги сите алергени, прашини и непријатни мириси и обезбедувајќи пријатна атмосфера. За својата напредна овој систем ја доби REDDOT design award winner наградата за 2013 година.

Сподели ја оваа новост

Напишете коментар

Врати се кон Блог новости

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions