Блог новости

Врати се кон Блог новости

Кој може да биде сопственик на овој сертификат?

HOME C°MFORT EXPERT е престижно признание кое Јапонскиот производител ДАИКИН им го доделува на своите најдобри партнери – дистрибутери. Home C°mfort Expert преставува признание со кое ДАИКИН ја дефинира силната поврзаност и лојалност меѓу избраниот партнер и самиот производител или уште попрецизно, овој знак може да го поседува само онаа компанија која има најголемо искуство со производите на DAIKIN.

Партнерите кои Daikin ги одбира како дел од оваа програма, претходно се ставени на повеќегодишна анализа . Истите треба да имаат поминато низа од долготрајни селекции, да располагаат со големо искуство, екипираност и беспрекорно познавање за Даикин производите и технологии. Исто така потребно е да поседуваат определена залиха на дел од oпремата наменета за резиденцијална употреба , како и да реализираат редовни посети на курсеви и напредни обуки на целиот стручен тим , за во секое време да се одговори со стручна и најдобра услуга. Групацијата ДАИКИН посебно високо го рангира поседувањето на сопствен тим од сервисери и монтери кои ќе му бидат на располагање на купувачот во најкус временски период.

Во Македонија единствен сопственик на сертификатот Home C°mfort Expert е ИЦС ГРУП које и овластен партнер на ДАИКИН за Македонија. Со стекнувањето на ова престижно признание, а со цел уште повеќе да се доближат до потрошувачите оваа наша македонска компанија која работи според јапонски стандарди го отвори и вториот изложбено – продажен простор во City Mall. Производната програма на Даикин за греење, ладење и вентилација , сега се уште еден чекор поблиску до потенцијалните крајни корисници.

Со исполнувањето на строгите услови на јапонскиот партнер, ИЦС ГРУП на купувачот веќе и со сигурност му нуди:

  • Загарантирано најдобра услуга од висококвалификувани експерти
  • Можност да се запознаат лично со производите на Даикин во екскузивните изложбено-продажни локации на ИЦС ГРУП
  • Понудени најдобри – можни решенија
  • Сигурност дека во гарантниот рок на купениот клима уред, а и после него , ќе може да смета на брза и компетентна реакција од страна на сервисерите на ИЦС ГРУП

Сведоци сме дека во последно време прашањето на квалитетот на внатрешниот амбиетален воздух се повеќе добива на значење. Последиците од нечистиот воздух врз здравјето, не се чувствуваат веднаш, туку се чуствуваат многу години подоцна. Токму затоа климатизацијата не е само одржување на идеална температура, туку тоа на прво место подразбира одржување на релативната влажност,вентилација и филтрирање.

Затоа контактирајте го својот Daikin Home C°mfort Expert и уживајте во придобивките. Доколку не ги почувствувате предностите што ги очекувате да ги добиете од тимот на ИЦС ГРУП, слободно информирајте го ДАИКИН.

Сподели ја оваа новост

Напишете коментар

Врати се кон Блог новости

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions