Каталог на Производи/Продавница - DAIKIN STYLISH

DAIKIN STYLISH

Од: 100.100,00 ден. (со вклучено 18% ДДВ)

  • Инвертер клима уред,со иновативен и елегантен дизајн со боја: бела, сребрена и боја на црно дрво.
  • Енергетска ефикасност (ладење/греење): A+++/A+++
  • Достапни капацитети: 2KW; 2,5KW; 3,5KW; 4,2KW; 5KW
A+++

  • Опис
  • Предности
  • Технички податоци
  • Видео
  • Оценки (0)
  • Каталози

Опис

Елегантна однадвор, паметна одвнатре

  • Инвертер клима уред,со иновативен и елегантен дизајн со боја: бела, сребрена  и боја на црно дрво.
  • R32 еколошки фреон- R-32 влијае  во намалување на штетното влијание  врз околината  до 68% , во споредба со R-410A    дополнително  ја  намалува  потрошувачката на енергија,  благодарение на повисоката енергетска ефикасност што ја оддава
  • Енергетска ефикасност (ладење/греење): A+++/A+++
  • Достапни капацитети: 2KW; 2,5KW; 3,5KW; 4,2KW; 5KW
  • Coanda” ефект (го оптимизира протокот на воздух за подобра дистрибуција на температурата низ целата просторија, во зависност од тоа дали има потреба од греење или ладење. Кога е во режим на греење, клима уредот го насочува воздухот надолу, кога е во режим на ладење, клима уредот – го насочува протокот на воздух нагоре
  • Контрола на влажноста во просторијата – Stylish клима уредот користи автоматско прилагодување на вентилаторот и компресорот за да создаде рамнотежа меѓу температурата и влажноста во просторијата.
  • “Grid eye“ топлинска осетлива камера – за детекција на температурата во просторијата со цел да  го прилагодува  протокот на воздух  за да се  постигне  рамномерна распределба  на температурата.
  • Свеж, чист воздух – Stylish го обезбедува најдобриот квалитет на воздухот во внатрешноста со помош на Daikin Flash Streamer технологијата. Овој систем ги отстранува честичките, алергените и мирисите за да овозможи здрав воздух во внатрешноста.
  • Тивко работење – Stylish користи ново дизајниран вентилатор за оптимизирање на протокот на воздух за поголема енергетска ефикасност. Eдиницата работи така тивко, речиси ќе заборавите дека е таму
  • Online контролер (WiFi) – контрола на Stylish преку паметен телфон (достапна бесплатна апликација на Android, iPhone).
  • SEER до 8,75
  • SCOP до 5,15
  • Температурен опсег на работа при ладење од  -10℃  до + 46℃
  • Температурен опсег на работа при греење од  -15℃  до + 18℃
Добитник на наградата ”good design award“ за 2017 година.    

Coanda efekt за греење - го оптимизира протокот на воздух за подобра дистрибуција на температурата низ целата просторија, во зависност од тоа дали има потреба од греење или ладење. Кога е во режим на греење, клима уредот го насочува воздухот надолу.

 

Coanda efekt за ладење - го оптимизира протокот на воздух за подобра дистрибуција на температурата низ целата просторија, во зависност од тоа дали има потреба од греење или ладење. Кога е во режим на ладење, клима уредот – го насочува протокот на воздух нагоре.

 

Беспрекорно тивок режим на работа  - внатрешната единица може експоненционално да достигнe ниво на бучава  до дури 19 dBA, што е исто како кога мрдаат лисјата на ветрот. Затоа овие единици може да се вклучуваат и при спиење. И некои надворешни единици можат да работат тивко, што е многу корисно во густо населени места или станбени блокови, каде што ниту преку ноќ нема да му пречат на соседството.

Идеално тивка - практично е безшумна и готово се заборава дека единицата постои.

 

Flash Streamer  технологија - генерира електрони со висока брзина  кои силно ги уништуваат вирусите , бактериите  и непријатните мириси и алергени

 

Мulti-Split апликација –оваа единица може да се применува поврзана  на Мulti-Split надворешни единици.  Мulti-Split  апликацијата овозможува  на една надворешна единица да  се поврзат до 5 внатрешни единици  со различен капацитет и да се  климатизираат неколку простории  истовремено. што допринесува за поедноставна и поелегантна инсталација.

 

Заштеда на енергија во режим на подготвеност - Тековната потрошувачка се намалува за околу 80% кога работи во режим на подготвеност.

 

Економичен режимна работа   - удобност без проблеми за вашето напојување со струја.Економичниот режим ви овозможува да ја ограничите најголемата  потрошувачка на енергија на клима-уредот, во случај ако прекинувачите избиваат кога други апарати (правосмукалка,микробранова печка итн) се вклучени во исто време или само доколку сакате да ја ограничите потрошувачката. Но вие го контролирате и кога  ви е потребно максимално ладење или греење, можете да го исклучите!-

Ноќен режим на работа -  Штеди на енергија и спречува просторијата да не  се олади или прегрее во текот на ноќта.

 

Само вентилатор -  единицата може да се користи  како вентилатор за издувување на воздухот без ладење или греење.

 

Моќен режим на работа на клима уредот  Може да се избере доколку се сака  , брзо загревање или ладење на просторијата ; откако моќниот режим ќе биде исклучен, уредот повторно се враќа во претходно поставениот режим.

 

Режим за удобен проток на воздух - удобност при ладење и греење.
Режимот за удобен проток на воздух ја прилагодува насоката на дување на воздухот автоматски ,за да постигне најудобно распоредување на температурата во собата, при што се избегнува директно дување во луѓето.

Aвтоматско менување на греење-  ,го избира режимот на греење или ладење за да ја постигне поставената температура.

 

Тивко работење на внатрешната единица - Работата на внатрешната единица може да се намали за 3 dB (A).

 

Тивко работење на надворешната единица - Работата на надворешната единица може да се намали за 3 dB (A).

 

3-D проток на воздух - еднаква температура низ целата соба.
Единиците што се опремени со 3-D проток на воздух можат да го насочуваат протокот на воздух налево или надесно, а не само нагоре или надоле – по желба на корисникот или автоматски. Ова постигнува совршена распределба на воздухот, и до најодалешените агли на просторијата.

Вертикално-автоматско дување на клапните - Можност да се одбере  автоматско вертикално движење на вентилационите  клапни за ефикасна дистрибуција на воздухот и  постигнување на потребната температура во просторијата.

 

Автоматска брзина на вентилаторот - автоматски се одбира потребната брзина на дување на вентилаторот со цел  да ја постигне или  одржи  поставената температура.

 

Xоризонтално- автоматско замавнување. Можност да се одбере  автоматско хоризонтално  движење на вентилационите  клапни за ефикасна дистрибуција на воздухот и  постигнување на потребната температура во просторијата.

 

Титан - апатит дезодорирачки филтер Ги фаќа честички во воздухот од  прав, органски хемиски супстанции, бактерии, вируси, алергени и ги разградува мирисите од тутун и домашни миленичиња.

 

Сребрен  филтер за прочистување на воздухот и отстранување на алергени  Го оневозможува продирањето на  алергените   како што се полен  и ситни честици од  прашина  повеќе од 99%.

 

Воздушен филтер - Беспрекорно ги отстранува честичките во воздухот, обезбедувајќи внатрешниот воздухот да е чист.

 

Тивок режим на работа - Копчето Silent на далечинскиот управувач, го намалува звукот на внатрешната единица за 3db(A).

 

Неделен тајмер - можност да се подеси  вклучување на  греењето или ладењето , во било кое време на дневна или неделна основа.

 

Автоматско рестартирање на единицата  по прекинот на струја - Доколку дојде до прекин на струјата, единицата  автоматски повторно се вклучува во работа и тоа во  режим што бил претходно зададен пред исклучување на струјата.

 

Интелигентен термички сензор. Работејќи заедно со ефектот Coanda, сензорот ја скенира просторијата за присутни лица во неа и ја мери температура на воздухот и сигнализира на единицата или да го насочи протокот на воздух подалеку од присутните лица или да го насочи протокот на воздух кон нерамномерна температурна област.

 

Сува програма - Го намалува нивото на влажност во просторијата без да влијае на температурата.

 

WiFi поврзување / Onecta - Управување со работењето преку апликацијата Onecta, вклучително и гласовна контрола преку Google Assistant и Amazon Alexa.

 

Брзи чекори на работа на вентилаторот - Овозможува избор на брзините на вентилаторот (5 брзини).

 

Централизирана контрола - Започнува, запира и регулира неколку климатизери од една централна точка.

 

Самодијагностика -  Едноставно прикажување  и информирање за одредени грешки или аномалии, доколку дошло до прекин на работата на клима уредот.

 

Инфра црвен далечински управувач - Овозможува активирање, запирање и регулирање на работата  на  клима уредот од далечина.

 

Жичен далечински управувач (Достапно како опција) - Започнува, запира и го регулира климатизерот.

Оценки

Сеуште нема оценка.


Само најавени корисници кои го купиле овој производ може да го оценат производот.

DAIKIN Stylish FTXA

Превземи

HCE_Split_Leaflet_2022_MK_Final

Превземи

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions