Блог новости

Врати се кон Блог новости

КАРПОШ ЗА ШТЕДЛИВО И ЕКО ГРЕЕЊЕ

Од оваа грејна сезона стартуваше системот за греење од обновливи извори на енергија во ООУ,,Вера Циривири Трена’’. По тој повод денеска се сретнаа раководителот на Одделението за енергетска ефикасност од општина Карпош Љупчо Димов и членот на истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при МАНУ, д-р Наташа Марковска, кои беа во заедничка обиколка на топлинската потстаница за греење со термални пумпи која функционира во рамките на ова училиште.

По работната средба, Љупчо Димов ги образложи придобивките од ваквиот систем на греење кој функционира во ова основно училиште.

– Ние сме една од ретките, а можеби и единствена локална самоуправа која има во план сите објекти кои се во надлежност на Општината, кои досега користат фосилни горива за загревање, да се преориентираат кон користење на обновливи извори на енергија. Тоа значи дека општина Карпош ќе ги редуцира трошоците за греење дури до 70%, но ќе има и огромно намалување на емисии на CO2 во воздухот. Новина во овој проект е тоа што студентите од Машинскиот факултет тука ќе оддржуваат практични вежби. На тој начин го шириме менталитетот и сознанијата за овие новитети, коишто ние во општината ги применуваме. Би додал дека во моментов, во рамки на нашата локална самоуправа, постојат 68 објекти кои користат ладење и загревање со вакви системи на обновливи извори на енергија – истакна Димов.

Со своето присуство, Наташа Марковска ја поздрави оваа иницијатива и го нагласи значењето на напорите кои ги презема општина Карпош за интегрирање на енергетската ефикасност во објектите кои се во нејзина надлежност.

-Го поздравувам партнерството на оваа локална самоуправа со сите чинители кои учествуваат во овој научно-технолошки предизвик. Со нас, општината е партнер во еден проект кој се однесува на оптимално искористување на ресурсите и обновливите извори на енергија, во мали системи за интегрирано греење и ладење. Целта на тој проект ќе биде преку вакви позитивни примери да овозможиме околина за што поголем продор на овие модерни технологии – додаде Марковска.

На Алфа Телевизија е емитувана емисија за реализирани објекти во општината Карпош. Во еден сегмент се зборува за ОУ Вера Циривири Трена во кое е имплементиран енергетски ефикасен систем – геотермални пумпи од ИЦС и автоматика на Manex.

Погледнете Повеќе на следново видео:

Сподели ја оваа новост

Напишете коментар

Врати се кон Блог новости

0

ICS GROUP – Intelligent Climate Solutions